Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усвоени еврокодови за поголема конкурентност на македонското градежништво на европските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Усвоени еврокодови за поголема конкурентност на македонското градежништво на европските пазари
Агровести

Усвоени еврокодови за поголема конкурентност на македонското градежништво на европските пазари

Објавено 26/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– По 13 години активности на повеќе научни и стручни институции и асоцијации усвоени се 10 комплети еврокодови за градежништвото составени од 59 европски стандарди и 57 национални анекси.

Станува збор за стандарди од областа на градежништвото во Европската Унија што се очекува да се имплементираат во наредните три години кај нас и да овозможат да се зголеми конкурентноста на македонското градежништво на европските пазари. За таа цел ќе следи обука на инженерската фела вклучена во процесот на проектирање и изградба, како и модификација на наставните програми. 

Научните и стручните асоцијации стартуваат со пилот проект со Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија. Целта е запознавање на компаниите со стандардите и олеснување на нивната примена.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, еврокодовите се услов за поконкурентно македонско градежништво на европските пазари, но и обврска од евроинтеграцискиот процес. Во активностите беа вклучени Институтот за стандардизација, Комората на овластени архитекти и инженери, Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), професори од повеќе факултети, Министерството за транспорт и врски…

– Еврокодовите претставуваат технички прописи и стандарди од Европската Унија за проектирање и градење на сите видови градежни конструкции. Националните Анекси (NA), преку кои се воспоставува врската помеѓу постојните национални стандарди и Еврокодовите во нашата држава беа усвоени во текот на септември оваа година и од повеќе аспекти се значајни за градежниот сектор и фелата, рече Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија.

Примената на еврокодовите, појасни тој, се заснова на премисата дека тие соодветсвуваат со последното ниво на развој и знаење од областа на градежништвото, имаат универзална примена и се супериорни во однос на меѓународните стандарди.

– Дополнително, нивната имплементација е дел од евроинтеграцискиот процес на нашата држава, а со нивното усвојување во овој момент градежниот сектор оди чекор напред кон усогласувањето со европската регулатива, што веруваме дека во следниот период само би го олеснило патот на домашните градежни компании кон европскиот пазар и би го приближило стручниот кадар кон нивото на знаење и компетенции со кои располагаат развиените европски земји, потенцира Сефаримовски. Проф. д-р Мери Цветковска, член на Техничкиот комитет 40 за еврокодовите и националните анекси при Институтот за стандардизација и претседател на Друштвото на градежни конструктори на Македонија истакна дека по усвојувањето на еврокодовите и националните анекси претстои период на подготовка на стручната фела за нивна примена. За таа цел, како што рече, пред се, се потребни добро подготвени предавачи.

– Претставници на Друштвото на градежни конструктуори изминатите години присуствуваа на обуки што беа организирани од страна на европски институции кои се подготвуваа за пренесување на своето знаење  врз членството – голем број професори не само од Градежниот факултет  и претставници на градежната фела од компаниите, така што  сега сме подготовни да почнеме процес на обука на младите кадри.

Потребно е да се направи модифицирање на студиските програми  со вградување на евроокодовите,  но потребна е и обука на инженерите  кои се директно вклучени во процесот на проектирање и изградба, рече  Цветковска. Претседателот на Техничкиот комитет 40 еврокодови и национални анекси  проф. Петар Цветановски, потенцираше дека усвојувањето на еврокодовите е од особено значење. Во нив, укажа тој, се вградуваат резултатите од најсовремените научни истражувања и искуствата во областа на градбата.

Тој најави дека ќе следи сеопфатен процес на едукација на  инжинерскиот кадар, за што ќе бидат ангажирани стручни лица, ќе се организираат семинари. Тој процес побарува средства, Комората на овластени архитекти и инженери има средства за спроевдување на активностите, но смета и на поддршка од Министерството за транспорт и врски и други државни органи.

Како што порача Серафимовски, доследната примена на прописите и стандардите, како и следење на искуствата на развиените европски земји градежништвото се единствената патека по која треба да се движиме доколку сакаме да креираме поволно деловно опкружување, да обезбедиме квалитет и да креираме услови кои на компаниите ќе им овозможат покрај на домашниот, да бидат повеќе присутни и конкурентни на странскиот пазар.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градежништвоеврокодовиЕУ пазариконкурентност
Претходен напис Дигитален самит на Западен Балкан: Роамингот ќе биде целосно укинат во 2021 година
Следен напис Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?