Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Успешно реализирана ИПАРД 2 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Успешно реализирана ИПАРД 2 програмата
ИПАРД

Успешно реализирана ИПАРД 2 програмата

Објавено 12/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  Илија Стоилев го потпиша последното решение од IPARD II програмата која го опфати периодот од 2014-2020

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД II програмата (2014–2020) за Република Северна Македонија е пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Со ратификување на  Рамковната спогодба меѓу Република Северна Македонија застапувана од страна на Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Северна Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), склучена е на 27 март 2015 година, во Скопје.

Оттогаш до денес успешно се рeализира целата ИПАРД II програмата преку следните мерки:

Мерка 1, Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства со вкупна финансиска искористеност од над 1,4 милијарди денари, односно 23 милиони евра.

Мерка 3, Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи со вкупна финансиска искористеност од околу 1,8 милијарди денари, односно 30 милиони евра.

Мерка 7, Диверзификација на фармите и развој на бизниси со  вкупна финансиска искористеност од околу 1 милијарда денари, односно 15 милиони евра.

Мерка 9, Техничка помош со вкупна финансиска искористеност од 20 милиони денари, односно 300.000 евра.

Во текот на IPARD II програмата беа објавени 9 јавни повици и реализирани вкупно 2170 договори од мерките 1,3,7 и 9. Вкупната вредност на исплатената финансиска поддршка за реализираните договори изнесува околу 4,2 милијарди денари, односно 68 милиони евра што е 85% искористеност од буџетот на Програмата.

Европската комисија ја прогласи Република Северна Македонија за лидер во искористеност на ИПАРД средствата во регионот.

Со оглед на успешната имплементација на ИПАРД II и успешното прилагодување на Европските законски норми Република Северна Македонија покажува дека има капацитет ефективно да чекори по патот на Евроинтегралните процеси.

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја, a без вода ќе бидат повеќе населби во Скопје
Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
Авионско прскање против комарци утре во Скопје
Таг:еуЗемјоделствоИпардСкопјефон
Претходен напис Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
Следен напис (ВИДЕО) Домашни пилешки коцки за супа – без хемикалии, здрави и вкусни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?