Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Успешно одржан 10-ти Состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Успешно одржан 10-ти Состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел
Агровести

Успешно одржан 10-ти Состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел

Објавено 09/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 6 април 2026 година се одржа 10-тата работилница а воедно и Состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел, настан кој означува значаен чекор напред во реформата на системот за управување со пожарите на ниво на предел. Настанот беше организиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како носител на овој процес, во соработка со Регионалниот центар за следење на шумски пожари (РМФЦ).

Во исклучително конструктивна и работна атмосфера, повеќе од 20 институции, владини тела, агенции и јавни претпријатија, кои се активни членови на Националната мрежа, го отпочнаа процесот на изготвување на  документ: „Насоки за водење политики во управување со пожарите на ниво на предел во Македонија“.

Интегриран пристап и меѓусекторска соработка: Рамките на работилницата беа поставени врз современи пристапи кои подразбираат мулти-секторски и партиципативен модел на дејствување. Учесниците работеа на дефинирање конкретни препораки низ четирите клучни фази на управување:

  • Превенција
  • Подготвеност
  • Супресија (гаснење)
  • Постпожарно управување


Аналитички димензии за долгорочни решенија
: Дискусиите беа насочени кон три суштински димензии: стратешко-нормативната рамка, институционалната организација и механизмите за соработка со засегнатите страни, вклучувајќи ги локалните заедници и граѓанскиот сектор.

Целта е преку овој процес да се обезбеди цврста аналитичка основа за изработка на т.н. Meta policy brief – единствен документ со приоритетни препораки за унапредување на јавните политики во областа на пожарите на отворено.

Настанот го отворија Јордан Здравковски (раководител на сектор за шумарство и ловство), Бојан Михајловски (национален соработник на Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан), и Цветан Николовски (тим лидер на Програмата) кои ја истакнаа важноста на овој партиципативен пристап за создавање ефикасен и одржлив систем.

Овој процес се реализира во рамки на проектот „Landscape Fire Management in the Western Balkans“ (LFMWB) Programme, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од страна на Farmahem со советодавна поддршка од Helvetas агенција од Швајцарија.

МЗШВ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:10-ти СостанокНационалната мрежапожариуправување
Претходен напис Со 6 000 000 денари, ќе се подобруваат шумските патишта
Следен напис Повторно отворени сите свети места во Стариот град на Ерусалим
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?