Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште само пет дена до Винодонија 2024 – Вкусете го најдоброто од винскиот свет!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште само пет дена до Винодонија 2024 – Вкусете го најдоброто од винскиот свет!
Агровести

Уште само пет дена до Винодонија 2024 – Вкусете го најдоброто од винскиот свет!

Објавено 09/12/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винодонија 2024 ветува уште една незаборавна винска манифестација која ќе го обедини најдоброто од светот на виното. На 13-ти и 14-ти декември, хотел „Мериот“ во Скопје ќе биде домаќин на над 70 винарии од Македонија и странство, кои ќе изложат повеќе од 500 врвни вина, нудејќи уникатно искуство за винската публика. Овој салон има за цел да ја подигне винската свест, да ги зближи љубителите на виното со најдобрите производители и да ја поттикне културата на вино кај македонските потрошувачи.

Освен извонредниот избор на вина, Винодонија и оваа година донесува ексклузивен гастрономски дел, со присуство на над 15 изложувачи кои ќе презентираат деликатеси што совршено се надополнуваат со виното.
Посетителите ќе имаат ретка можност да учествуваат и во едукативни активности кои ќе го збогатат нивното знаење и љубов кон виното. Програмата вклучува седум мастер класи и работилници водени од светски и домашни вински експерти. Љубителите на виното ќе можат да научат повеќе преку тематски предавања како што се „Во долината на винската среќа – Дегустација на вина од северна Рона, Франција“, „Во светот на меурчињата“, „Едукативно предавање: Вино и срце“, како и уникатната „Голема вертикална дегустација на Merlot Single Vineyard на винарија Камник“. Специјален дел од програмата се и работилниците „Запознај ја винска Унгарија“, „Ризлинг – сорта за префинети и долговечни вина“ и „Враќање во иднината – новоформирани вински сорти од Србија“.

Проект-менаџерот на Винодонија 2024, Дејан Донев, истакна дека оваа манифестација е повеќе од изложба на вина.

„Винодонија 2024 е платформа за винариите да се претстават пред префинета винска публика, која вклучува гости од ХоРеКа секторот, угостители и љубители на виното. Ова е шанса за сите учесници да создадат нови контакти, да ги прошират своите пазари и да ја раскажат својата винска приказна на начин кој инспирира,“ вели Донев.

За само пет дена, винската публика ќе може да го посети најпрестижниот вински салон во регионот. Винодонија 2024 е повеќе од винска манифестација – тоа е настан каде што виното станува уметност, култура и доживување.

Не пропуштајте ја оваа можност за незаборавно винско искуство!

Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2024 се во ограничен број, и истите може да се купат однапред ОНЛАЈН ( https://vinodonia.mk/shop/ ) по цена од 1000 денари за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200 денари.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:виновинодонијаизложувачимерлотпрограма
Претходен напис Приведени дрвокрадци во скопско
Следен напис Променливо облачно со максимална температура до 13 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?