Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уреата во Германија 1.050 евра за тон: Купувањето ѓубриво е неисплатливо за повеќето земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уреата во Германија 1.050 евра за тон: Купувањето ѓубриво е неисплатливо за повеќето земјоделци
Агровести

Уреата во Германија 1.050 евра за тон: Купувањето ѓубриво е неисплатливо за повеќето земјоделци

Објавено 18/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Астрономските цени на ѓубривата, кои за една недела поскапеа за 200 до 300 евра, ги прават речиси неисплатливи. Калциум амониум нитрат (КАS), најважното азотно ѓубриво за германските земјоделци, оваа недела поскапело за 210 евра на неверојатни 810 евра по тон, пишува Агрархеуте.

Цените на уреата во тамошните увозни пристаништа се зголемиле за речиси 300 евра на 1.050 евра за тон. Франција пријави зголемување од 300 на 925 евра по тон за 27%-ен амониум нитрат.

Растат и вредностите на другите ѓубрива, како што се фосфорните и калиумовите. Најважното фосфорно (DAP) оваа недела е 950 евра за тон, околу 150 евра повеќе од пред седум дена. Цените за калиумовите ѓубрива повторно поскапеле за 30 евра на 445 евра за тон.

Земјоделците се соочуваат со експлозија на трошоците што ќе има огромно влијание и врз приносите и врз квалитетот на новиот род. Во наредниот период се очекува верижен раст на цените на житариците и другите земјоделски производи, поради што ќе се влоши светската криза со храна.

Причината за драматичното зголемување на цените во Европа е војната во Украина и недостатокот на руски извоз на амониум нитрат и други важни азотни ѓубрива на светскиот пазар. Економските санкции воведени кон Русија и забраната за извоз од оваа земја предизвикаа недостиг. Покрај тоа, Украина воведе забрана за извоз, особено за уреа. Стравот од недостиг на азотни и други минерални ѓубрива, како и важни извори на енергија за нивно производство, особено руски гас, го предизвикаа овој голем скок и на европскиот и на светскиот пазар.

Во исто време, Yara и Borealis го намалуваат производството. Европските увозници од Северна Африка и Египет објавија нагло зголемување на продажните цени од 400 долари на повеќе од 1.000 долари за тон за само една недела.

И покрај екстремно високите вредности, може да се забележи нагло зголемување на набавките во САД за да се обезбедат доволно залихи за пролетните работи.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:вештачки ѓубривауреа
Претходен напис Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско
Следен напис Пролетни медени денови во Рамстор Мол 21.03-23.03
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?