Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Унгарските производители на житарки се противат на забраната за увоз од Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Унгарските производители на житарки се противат на забраната за увоз од Украина
Агровести

Унгарските производители на житарки се противат на забраната за увоз од Украина

Објавено 25/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Унгарското здружение на производители на житарки се спротивставува на забраната за увоз на земјоделски производи од Украина воведена од владата на земјата. Тие тврдат дека тоа ќе доведе до недостиг на храна во Унгарија и ќе ги загрози напорите за спречување на највисоката стапка на инфлација во Европската Унија, изјави за Bloomberg генералната секретарка на здружението, Зофија Поца.

„Земјата треба да увезе околу 700.000 тони сточна пченка по лошата жетва минатата година, а источниот сосед Украина би бил најевтин снабдувач. Членовите на здружението се очајни и не поддржуваат никакви забрани за увоз, бидејќи всушност ни треба увоз“, рече првиот човек на здружението, кое ги обединува мнозинството унгарски преработувачи и трговци на житарки.

Коментирајќи ја забраната што нивната влада ја воведе за увоз на украински житарки и други земјоделски производи до крајот на јуни, Поца нагласи дека тоа ќе изврши притисок врз цените на храната во Унгарија, каде стапката на инфлација веќе надминува 25 проценти.

„Имавме само извозни контроли, а сега имаме забрана за увоз. Тешко е тоа да се нарече поинаку освен дилетантизам“, заклучи таа.

Од вчера, 24 април, Романија започна со запечатување на возилата што превезуваат украински земјоделски производи, соопшти Украинската државна служба за безбедност во сообраќајот, пренесе APK-Inform.

Почнувајќи од 21 април, и Полска воведе постапка за запечатување на транзитни товари на украински земјоделски производи.

Чешка не планира да воведе забрана за увоз на жито и прехранбени производи од Украина, изјави чешкиот министер за земјоделство Зденек Некула. Тој вели дека анализите на украинските житарки, месо и јајца кои влегуваат во Чешка ја потврдиле нивната усогласеност со моменталните критериуми за квалитет.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:пченицапченкаукраинаунгарија
Претходен напис Бабовски на едукативна работилница „Намалување на инциденти од небезбедна храна во претшколски установи – градинки во Пелагониски регион“
Следен напис Украина извезла повеќе од 40 милиони тони житарки во 2022/23 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?