Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Унгарија ја заострува контролата врз украинските житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Унгарија ја заострува контролата врз украинските житарки
Агровести

Унгарија ја заострува контролата врз украинските житарки

Објавено 16/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Унгарската влада воведува строги проверки на квалитетот и безбедноста на прехранбениот синџир за житарки кои доаѓаат од Украина, се вели во соопштението за печатот на Министерството за земјоделство на оваа земја.

Тврдат дека на тој начин ги штитат домашните производители од неделувањето на Брисел.

Министерот Иштван Наги истакна дека унгарските земјоделци можат да се потпрат само на владата на таа земја бидејќи, според него, ЕУ не го слуша гласот на европските земјоделци.

„Не можеме да дозволиме нашите земјоделци да страдаат затоа што коридорот за солидарност не функционира како што треба“, додаде министерот.

Тој изјави дека Унгарија ќе продолжи да дава секаква помош и поддршка за стоката да стигне до својата дестинација, односно до потрошувачите во Африка и Блискиот Исток, но дека ќе воведат „многу строга контрола на квалитетот“ за оние кои доаѓаат од Украина.

Тој се осврна на директната одговорност на домашните компании кои користат украински житарки и рече дека мора да користат само она што е во согласност со ЕУ и домашните регулативи. Посочува дека моменталната состојба е неодржлива бидејќи е стопирана продажбата на жито во оваа земја и низ цела Европа.

Потсети и дека Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Романија и Бугарија побарале од Европската комисија да преземе итни мерки за ограничување на увозот на овој вид производи од Украина.

„Увезените житарки, одгледувани во многу помалку тешки услови, вршат притисок врз цените, предизвикувајќи значителна конкуренција за земјоделците во соседните земји на Украина. Меѓутоа, Брисел не помага и продолжува да не прави ништо за да се елиминира неповолната конкурентска позиција на унгарските земјоделци“, тврди Наги.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:иштван нагипченицаукраинаунгарија
Претходен напис (ФОТО) Старата железничка станица ја претвориле во ботаничка градина со повеќе од 7000 растенија
Следен напис Денеска ќе биде сончево со мала облачност, дневните температури до 17 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?