По поднесување петиција од унгарските земјоделци, парламентот со закон го забрани собирањето даноци на земјоделско земјиште, пишува Magyar Hírlap.
Од 1 септември стапува во сила измената на Законот за локални даноци од 1990 година, според која општините повеќе не можат да наплатуваат данок за наплатуваат земјоделското земјиште, сопственоста врз него и имотните права запишани на него.
Здружението на унгарските земјоделски синдикати и задруги и Националната комора за земјоделство работеле заедно на укинување на оваа давачка, а нивната петиција била потпишана од повеќе од 120.000 луѓе.
Предлог-амандманот заеднички го доставиле до парламентот Иштван Наѓ, министер за земјоделство, Балаж Ѓерфи, претседател на НПК, Иштван Јакаб, претседател на Здружението на унгарските земјоделски синдикати и задруги и Золт Нитраи, главен советник на премиерот.
Владата на Унгарија го поддржа овој предлог уште пред донесување на измената на законот.
Министерот Наѓ во видео порака на својата фејсбук-страница наведе дека сега му гарантира донесениот закон со кој се забранува наметнување даноци на земјиште за градоначалниците и раководителите на општините.
„Оданочувањето би одзело ресурси од секторот, а данокот на земја би имал негативен ефект врз цената на храната, што би го почувствувала целата нација.“, рече министерот Наѓ, нагласувајќи дека ги штитат интересите на унгарските земјоделци и дома и во Брисел.
