Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украинскиот извоз на земјоделски производи преполовен од почетокот на војната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украинскиот извоз на земјоделски производи преполовен од почетокот на војната
Агровести

Украинскиот извоз на земјоделски производи преполовен од почетокот на војната

Објавено 25/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извозот на клучните украински земјоделски производи е намален за речиси половина од почетокот на руската офанзива во февруари оваа година во споредба со истиот период во 2021 година, бидејќи поради борбите се блокирани пристаништата, а огромни посеви останаа неожнеани или уништени.

Украинскиот земјоделски извоз падна во периодот од 24 февруари до 15 август годинава на 10 милиони тони од околу 19,5 милиони тони во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство на Украина.

Се предвидува жетвата на житарки во 2022 година се да падне на околу 50 милиони тони од минатогодишните рекордни 86 милиони тони.

Според податоците на Министерството, Украина од 24 февруари до 15 август извезла 3,8 милиони тони пченка, 1,4 милиони тони семе од сончоглед, речиси еден милион тони сончогледово масло и околу 640.000 тони пченица.

Оваа земја, чие производство на храна, според владините податоци, може да нахрани до 400 милиони луѓе, извезувала и јачмен, соја и масло, сончогледова и соина сачма.

Кон крајот на јули, три украински црноморски пристаништа беа деблокирани во согласност со договорот меѓу Москва и Киев, со посредство на Обединетите нации и Турција.

Но, и покрај деблокирањето на пристаништето, украинскиот земјоделски извоз е значително помал отколку пред конфликтот, кога Украина извезуваше до шест милиони тони житарки месечно.

Министерството за земјоделство минатата недела објави дека во Украина во сезоната 2022/23 до 19 август, извозот на житарки паднал за 51,6 отсто во однос на претходната година на 2,99 милиони тони.

Извозот на житарки за сезоната 2021/22, која заврши на 30 јуни, забележил раст од 8,5 отсто на 48,5 милиони тони, благодарение на големиот обем на испораки пред руската инвазија, пренесува Ројтерс.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозУкраина
Претходен напис Научниците потврдија дека луцерката е идеално растение за садење на неплодната почва на Марс
Следен напис Изгледите за приносите на летните посеви дополнително се намалени – Европа ја очекува суша и на есен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?