Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина најави помош во вредност од 150 милиони долари за земјите во Африка погодени од глад и суша
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украина најави помош во вредност од 150 милиони долари за земјите во Африка погодени од глад и суша
Агровести

Украина најави помош во вредност од 150 милиони долари за земјите во Африка погодени од глад и суша

Објавено 28/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави помош во вредност од 150 милиони долари, која ја собра за време на самитот „Жито од Украина“ во Киев, за земјите најпогодени од глад и суша.

До 60 украински бродови со житарки ќе бидат испратени до средината на следната година во некои од најсиромашните земји во светот во Африка, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Суштината на програмата „Жито од Украина“ е земјите учеснички во проектот да купуваат земјоделски производи од украински производители – при што приоритет имаат малите и средни претпријатија – и да ги транспортираат во земјите на кои им се заканува прехранбена криза.

Американската Агенција за меѓународен развој (USAID) веќе се согласила да обезбеди до 20 милиони долари преку Светската програма за храна на Обединетите нации.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, за време на неговата посета на Украина во вторникот најави и дополнителна финансиска помош.

Во овој потегкој претставува предизвик за наративот на Русија дека западниот одговор на нејзината „воена операција“ во Украина го влоши веќе постоечкиот недостиг на храна во Африка, Зеленски вели дека бродовите што поаѓаат од украинското пристаниште Одеса можат да стигнат до клучните хуманитарни точки како оние во Судан, Јемен и Сомалија, но посочува дека тоа е можно само со помош на меѓународни субвенции.

Програмата „Жито од Украина“ ја организираат голем број владини субјекти, невладини организации и приватни корпорации.

Еден брод, финансиран од Германија, веќе заминал за Етиопија, а следните три би требало да одат во Судан, Сомалија и Јемен.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, вели дека започнувањето на оваа програма претставува клучен историски момент не само за Украина, туку и за сите земји кои се соочени со сериозен недостиг на храна поради тековниот конфликт.

Јермак ја повика меѓународната заедница, вклучително и приватните фондации, да помогнат во финансирањето на трошоците за испорака на храна во земјата кои се соочуваат со прехранбема криза.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африкажито од украиназеленскиукраина
Претходен напис (ФОТО) Министерот Николовски учествуваше на акцијата за пошумување покрај автопатот Миладиновци
Следен напис Николовски: Посакувам успешно да заврши откупот, да гледаме полни ниви тутун, задоволни тутунари и заеднички да остваруваме уште поголеми резултати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?