Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украина бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито
Агровести

Украина бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито

Објавено 22/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Украина денеска се согласи да го лиценцира извозот на житарки во Словачка, а исто така се обиде да склучи договор со Полска за ставање крај на ограничувањата наметнати од таа соседна земја за увоз на украинско жито.

Словачкото Министерство за земјоделство соопшти дека се договорило со Украина да воспостави систем за лиценцирање за трговија со житарки, кој, откако ќе се воспостави, ќе овозможи укинување на забраната за увоз на четири видови украински стоки во Словачка.

Во соопштението се наведува дека министрите се согласиле за создавање на систем за трговија со жито заснован на издавање и контрола на лиценци и се додава дека, додека овој систем не биде лансиран и целосно тестиран, останува во сила забраната за увоз на четири видови стоки од Украина, која се согласи да се откаже од нејзината жалба до СТО.

Украина соопшти дека нејзиниот министер за земјоделство во телефонски разговор со полскиот колега се согласил да се најде решение за спорот околу извозот на житарки во интерес на двете земји.

Словачка, Полска и Унгарија минатата недела воведоа ограничувања за увоз на житарки од Украина, откако извршната власт на Европската унија одлучи да не ја прошири забраната за увоз во тие земји, како и во другите членки на ЕУ – Бугарија и Романија.

Овие земји тврдат дека евтината украинска земјоделска стока, која Украина ја извезува по копно од почетокот на војната со Русија и главно треба да оди подалеку на запад и до тамошните пристаништа, се продава во нивните земји и им нанесува штета на локалните земјоделци.

ЕУ, која ја воведе забраната во мај, дозволи таа да истече во петокот, откако Украина вети дека ќе ги зајакне контролите.

Поголемиот дел од житото од Украина, еден од најголемите светски извозници, поминуваше низ петте источни земји на ЕУ.

Конфликтот ескалира откако Украина, која се сврте кон копнени патишта кон запад по руската блокада на нејзините пристаништа на Црното Море, поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) поради забраните и се закани со реципрочни ограничувања на увозот. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругарството го претвора поединечниот труд во заедничка сила за развој
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:житополскарешениеСловачкаУкраина
Претходен напис Сончево и топло со мала до умерена облачност
Следен напис Реализирани активности за превенција од имотни деликти, заштита на шумите од пожари и сообраќајна безбедност во Ресен, Новаци, Крушево, Кочани, Кавадарци и Тетово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?