Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УКИМ со најмногу одобрени проекти на повикот за иновациски ваучери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УКИМ со најмногу одобрени проекти на повикот за иновациски ваучери
Агровести

УКИМ со најмногу одобрени проекти на повикот за иновациски ваучери

Објавено 27/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 34 проекти се одобрени и ќе се реализираат со средствата од Јавниот повик за иновациски ваучери кој беше отворен од 1 до 14 октомври годинава. Проектираните 15 милиони денари ќе ги добијат УКИМ, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Како што беше речено денеска на Машинскиот факултет каде беа презентирани резултатите од Јавниот повик, до надлежната Комисија во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) пристигнале вкупно 71 проект од кои 55 влегле во фаза на разгледување, а 16 биле оценети како неподобни по различни основи.

Според директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, согласно Повикот, средствата нема да завршат кај компаниите, туку ќе им бидат исплатени на државните високо-образовни институции, а тие потоа, на компаниите ќе им дадат соодветни услуги.

На Повикот доминира УКИМ со одобрени 23 проекти и кај него одат 10,7 милиони денари, кај УГД ќе завршат 2,6 милиони денари, додека Битолскиот добива нешто помалку од еден милион денари. Од Универзитетот во Тетово немало апликација.

-Од денеска почнува реализација на 34 проекти во кои директно соработуваат домашни компаниi и државни високо-образовни иституции. Во рамки на ФИТР има голем број вакви соработки, но главно на индивидуална основа, не институционализирана, односно без целосно, системско вклучување на факултетите. Многу е важно што овој инструмент директно ги насочува средствата од државата за економски раст кон универзитетите. Тие ќе располагаат со овие средства од кои, се надевам, дел ќе завршат во набавка на нови лаборатории, стручно усовршување на кадарот и научно-истражувачката дејност, истакна Деспотовски.

Овој повик, дополни, беше пилот-проект, но поради големиот интерес од академската заедница и од деловниот сектор, веќе се изготвува нов инструмент за поддршка.

-Уште еднаш ја потврдуваме владината заложба за повеќе инвестиции во науката. Првпат, на поинаков, поорганизиран начин ја поврзуваме академијата со реалниот сектор. Оние што сега ќе може да ги искористат иновациските ваучери ќе покажат дека ако инвестираме во нашите науни институции, можеме да постигнеме и државен развој. Од 2021 година процентот на инвестиции од БДП во науката, сакаме значително да се зголеми токму преку вакви двонасочни комуникации и координации меѓу двата сектора, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Деканот на Машинскиот факултет, Дарко Данев, ги повика своите коелги од научната фела да се охрабрат и да соработуваат со индустријата. Нема, рече, развој без инвестиции, а иневстициите најчесто потекнуват од компаниите.

-Овој чин навестува дека овде се оние кои најмногу иновираат, на кои им е отворен патот за соработка со индустријата. Но, не секогаш иновациите се во инженерските науки, има многу простор и во природно-математичките, здравството, биотехничките струки, општествените, во сферата на уметноста. Сакам да ги охрабрам сите колеги од академската заедници да соработуваат со индустријата. На тој начин, сите добиваат – бизнисот решенија, ние иновација, а студентите учат, напомена Данев и додаде дека е за пофалба тоа што државата прави повторен обид да ја зајакне релацијата меѓу науката и бизнисот.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Ваучериодобрени проектиУКИМФИТР
Претходен напис Директорот на АХВ Зоран Атанасов, го посети рибникот Дошница
Следен напис РУКОЛА – како една навидум обична „трева” го чисти црниот дроб и штити од рак!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?