Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
Агровести

УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година

Објавено 23/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува организаторите на зелените пазари дека до 31 декември имаат обврска до УЈП да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam.

– Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е должен да достави нов извештај до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената. Во насока на унапредување на досегашната соработка и обезбедување навремени, ажурни и точни податоци во годишните и месечните извештаи за корисниците на тезги на зелените пазари, навременото доставување на овие информации е од суштинско значење за ефикасно и транспарентно постапување, велат од УЈП.

Со тоа, додаваат, се постигнува висока усогласеност со законските обврски, се одбегнува примената на прекршочните одредби, се зголемува усогласеноста на даночните обврзници – корисници на тезги, се обезбедува навремено и правично оданочување.

Управата за јавни приходи ги потсетува и на законските одредби од Законот за данок на личен доход.

– Паушално се оданочуваат само физички лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Сите лица кои вршат продажба на други добра не може да се оданочуваат паушално и треба да бидат регистрирани во некоја од организациските форми согласно Закон за трговски друштва ЗТД (правно лице или трговец поединец – вршител на дејност). Нивното оданочување се врши во зависност од организациската форма во која се регистрирани, посочуваат од УЈП.

Доколку едно правно лице – организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, како што нагласуваат, потребно е да поднесе извештај со податоци за секој одделен пазар.

Доколку пазарот е од сезонски карактер, прецизираат од УЈП, потребно е навремено известување до службеното лице во Управата за јавни приходи кое ве администрира како даночен обврзник, со соодветно појаснување и приложени докази, за пазарот да биде означен како сезонски во системот е-Даночни услуги.

– Врз основа на доставените извештаи, Управата за јавни приходи врши утврдување на данокот на личен доход, за што донесува решенија за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година или најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената во извештајот. Со решението за паушално оданочување, Управата за јавни приходи до даночниот обврзник доставува месечни аконтативни пресметки за плаќање на данокот. Рок за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход е до 15-ти во месецот за предходниот месец, истакнуваат од УЈП.

За поднесување на извештајот им препорачуваат на операторите навреме да склучат договор со физичките лица – закупувачи и корисници на тезги; да се пријават во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam; да поднесат податоци за сите зелени пазари кои ги организираат; во случај на сезонски пазар, навремено да ја известат УЈП; доколку во текот на годината настанат промени (престанок на користење на тезга или нов корисник на тезга), да поднесат нов извештај до УЈП.

Доколку имаат потреба од дополнителни информации или поддршка организаторите на зелените пазари може да се обратат на е-пошта: [email protected] и на телефооните 0800 33 000 и 023253200.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:декемвризелениПазарујп
Претходен напис Хоџа: Модернизацијата на системот за наводнување е клучна за развојот на земјоделството во Сарај
Следен напис Законот за работно ангажирање стапува во сила од 1 јануари, стопанственици бараат проширување на дејностите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?