Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Фер туризам започнува со пријавен доход, засилени активности во летната туристичка сезона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Фер туризам започнува со пријавен доход, засилени активности во летната туристичка сезона
Агровести

УЈП: Фер туризам започнува со пријавен доход, засилени активности во летната туристичка сезона

Објавено 24/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.

– Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот – соопшти денеска прес-службата на УЈП. 

УЈП спроведува повеќе паралелни активности:  објавување практични насоки за пријавување на доходот директна комуникација и поддршка за даночните обврзници, поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци, анализи на ризик и насочени контроли и информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.

– Целта на Управата за јавни приходи не е само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите – велат од УЈП.

Оттаму потсетуваат дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикуваат сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски.

– Истовремено Управата за јавни приходи ќе продолжи со ризично базирани анализи и контроли со цел да обезбеди еднаква примена на законите и да спречи нелојална кинкуренција кон оние кои совесно ги исполнуваат обврските. Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата – порачува УЈП. 

МИА

Може да ви се допадне

Народна банка: ЕЦБ го потврди приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања
Министерот Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор
Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство
Таг:доходтуристичка сезонаујпФер туризам
Претходен напис Министерот Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор
Следен напис Народна банка: ЕЦБ го потврди приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?