Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Реагенсот за засејување на облаците е 100% еколошки и нема опасност за околината и луѓето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УХМР: Реагенсот за засејување на облаците е 100% еколошки и нема опасност за околината и луѓето
АгровестиАгропрогноза

УХМР: Реагенсот за засејување на облаците е 100% еколошки и нема опасност за околината и луѓето

Објавено 22/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најновата мерка на Владата за заштита на земјоделските површини од град, преку авионско засејување на облаците, предизвика голем интерес кај земјоделците но и останатите граѓани кои имаа прилика да сведочат на првата успешна акција пред два дена.

Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, во текот на попладневните часови на 20.05.2020 година, имаа прва  успешна интервенција за спречување на појава на град со новата метода за авионско засејување на градоносните облаци.

По најавата за очекувани временски непогоди поради дестабилизација на временските услови на територијата на нашата држава и во целиот Балкански регион, Управата за хидрометеоролошки работи подготвено и успешно го неутрализираше опасниот ефект од очекуваното невреме.

-Состојбата се следи од радарските центри на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Гуриште и Тополчани. Тие кога ќе забележат градоносен облак му јавуваат на операторот со авионите за тоа каде се наоѓа облакот и со која количина на сребрен јодит треба да се засее. Инаку двата радар центри имаат постојана врска преку радио станица со авионите на фирмата – изјави за Агротим, Ивица Тодоровски – директор на УХМР.

Со оглед на тоа дека се работи за нова мерка за заштита од град, во јавноста се постави прашање за каков реагенс станува збор, дали е тој безопасен за луѓето и околината

-Реагенсот го набавува фирмата која ги праќа авионите, односно таа го добила тендерот. Тој е 100% еколошки, а зафаќа една третина  од вкупната сума на јавниот повик. УХМР предвидел дека ќе потроши од 300 до 800 килограми за една сезона, односно за 6 месеци, а фирмата се обврзала дека ќе ги има – вели Тодоровски.

Првото дејство врз градоносни облаци со авионско засејување е изведено во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка каде е дејствувано во 15:50 часот, со четири палки  (400 грама реагенс среберен јодид), врз потенцијално опасен градоносен облак кој после авионското засејување во понатамошниот тек преминал во појава на дожд.

Второто успешно дејство е изведено во регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. Таму  е дејствувано двапати, еднаш во 16:03 часот со шест палки и повторно во 16:23 со уште шест палки. Во овој регион имаше појава на град, а по дејствувањето со авионско засејување врз градоносниот облак, во понатамашниот тек е забележана само појава на пороен дожд.

Од УХМР посочуваат дека,  доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери и штетата ќе беше многу поголема.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Таг:агропрогнозавременскаоблаци
Претходен напис (ВИДЕО) Прес конференција на министерот Трајан Димковски за третиот столб – поддршка на земјоделството
Следен напис (ВИДЕО) Грантови од 10 000 евра за започнување на мали семејни агробизниси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?