Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со сончеви периоди, а на места со слаб дожд, особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб, претежно, јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне 13 степени.
Од утре следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени.
МИА
