Забележаните минимални негативни температури на воздухот во изминатиот период беа во границите на издржливост на културите. Зимските форми на жита ги поднесуваат овие температури. Овошките се наоѓат во фаза на зимско мирување, каде животните функции (дишење, транспирација) се сведени на минимум, но не се прекинати – коренот црпи извесна количина на вода за одржување на тургорот во круната. Во овој период овошките бараат одредена сума на ниски температури за да можат нормално да вегетираат во идната година. Останатите земјоделски култури исто така бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување.
Појавата на снег на планините исто така ги зголемува резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови.
Во наредните денови, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.
Доколку почвените услови дозволуваат земјоделските производители да продолжат со грижа за нивните посеви, зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3°C до 6°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 4°C до 17°C.