Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 13.02.2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 13.02.2025 година
Агропрогноза

УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 13.02.2025 година

Објавено 13/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатата седмица имавме стабилно време со ниски утрински температури и дневни повисоки температури кои беа во границите на просекот за овој период од годината. Овие временски услови се очекувани од аспект што ја одржува состојбата во услови на мирување кај земјоделските култури, состојба која е неопходна во овој период.

Доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците можат да почнат или продолжат со кроење на виновата лоза и овошките, припрема на површините во пластеничкото производство, и евентуално прихранување на есенските посеви. Во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски температури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува резидбата да се изврши во периодот на крајот на февруари и почетокот на март.

Денес, претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер.

Кај останатите култури да се продолжи со активностите и грижата за посевите и изведување на работи во поле. Минималната температура ќе се движи во интервал од -5°C до 5°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 0°C до 11°C.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:агропрогнозадождснегстепени
Претходен напис По завршување на откупниот рок, ќе се исплатат СУБВЕНЦИИТЕ за ТУТУН
Следен напис ИПАРД јавен повик 01/2025: Грантови до 750.000 евра за земјоделско производство и преработка преку Мерка 1
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?