Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Ноември топол и екстремно врнежлив месец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Ноември топол и екстремно врнежлив месец
Агропрогноза

УХМР: Ноември топол и екстремно врнежлив месец

Последна измена: 04/12/2023 11:15
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

 Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјавам, месев ноември 2023 година се карактеризира како топол и екстремно врнежлив месец, соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 4,1 степен во Лазарополе до 11 степени во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура беше два степена повисока на ниво на држава.

Највисоката максимална температура е измерена на 6 ноември во Гевгелија и изнесуваше 26,7 степени. Најниската минимална температура, пак, е евидентирана во Лазарополе, на 27 ноември, -12,2 степени.

Синоптичарите укажуваат дека имало невообичаено високи температури во почетокот и ниски зимски температури кон крајот на месецот.

Во ноември, месечната сума на врнежи во државата варираше од 64мм во Гевгелија до 350мм во Маврово. Надмината е најголемата месечна сума на врнежи од 325мм во Маврово од 1985 година.

Во почетокот на месецот врнежите беа од дожд и град за да на крајот на целата територија на државата биде забележана појава на снег со исклучок на местата под 400м нмв. Максимално дневно количество на врнежи од 87мм беше регистрирано во Маврово на 4 ноември.

Забележена беше снежна покривка од 40см на 29 ноември на Попова Шапка и 23см на 25-ти во месецот во Маврови Анови.

Споредено со ноемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше поголема за 52мм или е 71% над просечната на ниво на држава.

МИА

Може да ви се допадне

Сончево и топло до 28 степени
Сончево со мала облачност, температурата до 27 степени
Најмногу дожд наврна во Скопје
Сончево со мала до умерена облачност
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури
Таг:врнежливекстремноНоемвритополухмр
Претходен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Следен напис Од утре до четврток дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?