Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
Агропрогноза

УХМР: Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка

Објавено 27/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа 86 литри на метар квадратен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци, 11 во Прилеп, Претор, Виница во Охрид и 12 во Демир Капија и Битола.

До 8:30 часот наврнале и 57 литри дожд на единица површина во Крива Паланка, 55 во Маврови Анови, 43 во Лазарополе и Тетово, 38 во Куманово, 37 во Скопје – Петровец, 33 во Скопје – Зајчев Рид, 31 во Ѓуриште, 28 во Виница, 21 во Велес, 20 во Штип и Крушево, 9 во Кавадарци, 8 во Прилеп, 7 во Демир Капија, 6 во Берово и Битола, 5 во Претор, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 16 степени. 

УХМР

Може да ви се допадне

Времето денес ќе биде сончево и топло, во попладневните часови појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд и грмежи
УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
До крајот на денот сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд, локалното невреме поизразено в среда и четврток
Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
Таг:дождНајстуденоПопова ШапкаУХМР
Претходен напис Андреа Серафимовски во „Бизнис-клуб“: „Потребни се ефикасна јавна администрација и промена на системот на јавни набавки“
Следен напис Десет лица притворени во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?