Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови, и денеска поројни дождови и грмотевици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови, и денеска поројни дождови и грмотевици
Агропрогноза

УХМР: Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови, и денеска поројни дождови и грмотевици

Објавено 04/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 87 литри на квадратен метар наврна во  Маврови Анови, по што следат Дебар со 65, Крива Паланка 57, Берово 40, Скопје – Петровец 33, Куманово, Ѓуриште и Попова Шапка 31, Струмица 24, Охрид и Крушево по 23, Скопје – Зајчев Рид 22, Тетово 18, Демир Капија, Гевгелија и Битола по 17, Штип 16, Прилеп 14, Претор 13, Велес 12, Виница10, Тополчани 9 и Дојран со 8 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места беа поројни проследени со грмежи и можна појава на град. Утрово е облачно со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Според најавите од УХМР, времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни од над 40 литри на квадратен метар. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:грмотевицидождМаврови Ановиухмр
Претходен напис ЦУК: Изгаснати 14 пожари на отворено, поплавувања, наноси и одрони од поројни дождови
Следен напис Се зголемуваат водостоите на реките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?