Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Годинашниот јули просечно топол и просечно врнежлив месец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Годинашниот јули просечно топол и просечно врнежлив месец
Агропрогноза

УХМР: Годинашниот јули просечно топол и просечно врнежлив месец

Објавено 11/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во Гевгелија.

-Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше просечна на ниво на држава. Највисоката максимална температура во државата беше измерена на 20 јули во Гевгелија и изнесуваше 39,5 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 10 јули, и изнесуваше 4,6 степени, соопшти УХМР.

Наведува и дека на 21 јули  беше регистриран екстремно силен ветер, со појава на оркански удари на повеќе мерни места. Во Штип бил регистриран најголемиот максимален удар со брзина на ветерот од 134 километри на час со правец од запад-северозапад, додека во Скопје – Зајчев Рид ветерот бил со максимален удар со брзина од 130 км на час од север-северозападен правец.

-Месечната сума на врнежи во државата во јули 2026 варираше од 14 мм во Охрид до 60 мм во Крива Паланка. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 27 мм беше регистрирано во Крива Паланка на 2 јули. Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше просечна на ниво на држава, информира УХМР.

УХМР

Може да ви се допадне

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце
Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата
Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
Таг:врнежлив месецјулитополухмр
Претходен напис Министерот Серафимовски: Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?