Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР дигитално ќе гo мониторира квалитетот и загадувањето на реките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > УХМР дигитално ќе гo мониторира квалитетот и загадувањето на реките
Шумарство и водостопанство

УХМР дигитално ќе гo мониторира квалитетот и загадувањето на реките

Објавено 20/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ја промовираше дигиталната мониторинг платформа за следење на квалитетот и загадувањето на реките која е изработена во рамките на кампањата „Разбистри се”.

Преставникот на Институтот за комуникациски студии, Дејан Андонов во својот воведен говор на овој настан истакна дека податоците на УХМР се од исклучителна важност за да се проценат промените што настануваат во реките поради интензивните испуштања на отпад, отпадни води, пестициди и други загадувачки материи од домаќинствата, земјоделството и индустријата во речните води.

– Целта е да се обезбедат информации за статусот на водите, но и податоци за креирање оправдани, одржливи и ефикасни политики за користење и заштита, рече Адонов.

Радмила Бојковска од Секторот за квалитет на води на УХМР, истакна дека и досега тие ги објавувале податоците за квалитетот на водите во државата, но тие податоци биле поставувани во нумерички вредности кои не биле разбриливи за пошироката јавност.

– Затоа се решивме да ја направиме оваа алатка во која податоците за сите параметри кои влегуваат во проценка на квалитетот на општо физичко-хемискиот статус да се прикаже со сите измерени параметри. Според бојата која е дадена во апликацијата да може да се види дали водата од тој параметар е одлична, добра, прифатлива, слаба или во лош статус, рече Бојковска.

Во време на пандемија таа истакна дека квалитетот на водата на реката Вардар, на одредени места е подобрена.

Атанас Угрински од УМХР, при презентација на дигиталната мониторинг платформа зборуваше за хидролошката состојба на реките за тековната година.

– Водостојите во последните денови бележат опаѓање после обилните врнежи од дожд кои се случија во изминатиот период. На некои места наврнаа над 100 литри на м2. Тоа се бројки кои воопшто не се занемарливи и за потценување. Во некои други околности за овие врнежи од дожд би зборувале за опасност од можност поплавување или излевање на реките од своите речни корита, рече Угрински.

Овој пат, посочи, врнежите дојдоа во вистински момент, дојдода по долгиот сушен период и имаа позитивно влијание, односно ја подобрија хидролошката состојба во земјата, беа добродојдени и со позитивно влијание. Подобрувањето посебно се однесува на природните и вештачките езера во земјата.

Тој уште истакна дека Преспанското езеро, ги руши рекордите во поглед на минималниот водостој, Охридското езеро беше на границата не дозволениот минимум, а сите вештачки акумулации во земјата биле речиси испразнети. Од УХМР очекуваат оваа зима да има повеќе снег и посочија дека новата дигитална алатка ќе ја поткрепат со нови хидролошки податоци.

Може да ви се допадне

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
УХМР: Од утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот
Таг:ухмр
Претходен напис (Видео) Аеропонското одгледување на компири заштедува повеќе од 90% вода и хранливи материи
Следен напис (Видео) Ослободен еленот кој две години живеел со автомобилска гума околу вратот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?