Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уапсени 20 лица на грчкиот остров Крит за скандалот со европските субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уапсени 20 лица на грчкиот остров Крит за скандалот со европските субвенции
Агровести

Уапсени 20 лица на грчкиот остров Крит за скандалот со европските субвенции

Објавено 25/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во делови на грчкиот остров Крит, уапсени се 20 лица, членови на криминална организација за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, со нанесена штета од над три милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција за разбивање на конкретната криминална организација чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во поднесување лажни изјави.

Меѓу уапсените 20 лица во четири различни области на Крит, се и двајца сметководители и тројца одговорни лица во Центрите за поднесување пријави.

– Нелегалната финансиска корист надминува 3.000.000 евра, информираа од грчката полиција и посочија дека со детални информации ќе излезат по завршувањето на акцијата.

Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори пишува дека вкупниот број на инволвирани се проценува на околу 90 лица, а криминалната организација веројатно била активна од 2019 година.

Дејствувала на начин што одговорните лица од сметководственото биро воспоставиле соработка со Центрите за поднесување пријави, кои имале пристап до податоци и ги откривале непријавените земјоделски парцели, потоа ги информирале сметководителите, кои го координирале составувањето фиктивни договори за закуп, а во соработка со приватни производители поднесувале лажни пријави и добивале средства во форма на субвенции од организацијата за европски земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ). 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:20 лицаевропските субвенцииКритуапсени
Претходен напис Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Следен напис Ставете кора од лимон на прозорецот и преку ноќ ќе се ослободите од проблемот кој ги мачи многумина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?