Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунот се откупува, но со послаб интензитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунот се откупува, но со послаб интензитет
Агровести

Тутунот се откупува, но со послаб интензитет

Објавено 20/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се уште се чека на зголемување на динамиката на откупот на тутунот кој започна вчера воздржано и од откупните компании и од тутунопроизводителите, посебно во Прилепскиот регион.

Според Сојузот на тутунските здруженија, од предвидените 305 откупни ваги во земјава денеска се отворени само 33 на три компании: „Сокотаб“, „Кавекс“ и на компанијата „Пашоски“ која денеска отвори 14 откупни ваги во земјава.

-Вчера се откупуваше тутун на неколку ваги, и тоа во Пелагонискиот и Источниот регион. Тутунарите се уште се премислуваат да го донесат родот на откуп. Денешниот ден доби одредена динамика зашто и трета компанија ги отвори пунктовите за откуп, но се уште се чека другите откупувачи да почнат со преземање на родот од годинашнава реколта, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Според податоците од Сојузот, кој има поставено повереници на откупните места, во текот на вчерашниот прв ден се откупени повеќе од 15 тони тутун и сите во прва класа од 375 денари.

-За текот на откупот две компании не известија дека ќе почнат да преземаат тутун од понеделник. Компаниите треба да не известат пет дена пред да ги отворат пунктовите за да поставиме повереници што ќе го следат откупот, вели Ристески.

Од Државниот земјоделски инспекторат информираат дека во текот на утрешниот ден ќе ги имаат првичните официјални информации колку тутун овие два дена е откупен. Во земјава се регистрирани 10 откупни фирми. Според законот, откупот мора да почне до 15 декември.

Тутунарите остануваат на ставот за поголема цена на тутунот, во просек да биде 420 денари за килограм. Годинашнава реколта тутун се проценува на околу 17000 тони.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:интензитетоткупувапослабтутунот
Претходен напис Утрово најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија
Следен напис Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?