Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунопроизводителка го споделува своето искуство со откупот: За првпат годинава го продадов тутунот без нервози
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунопроизводителка го споделува своето искуство со откупот: За првпат годинава го продадов тутунот без нервози
Агровести

Тутунопроизводителка го споделува своето искуство со откупот: За првпат годинава го продадов тутунот без нервози

Последна измена: 01/12/2022 13:38
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Деновиве актуелна тема е откупот на тутунот и како и секоја година, тутунопроизводителите со нетрпение очекуваат како ќе им биде проценет тутунот и каква цена ќе добијат. Екипата на Агротим разговараше со една тутунопроизводителка, која го сподели своето искуство.

„Цела година го работиш, го мислиш, се нервираш, се прашуваш што ќе биде како ќе биде и на крај судбината ти се одлучува во 15 минути“, раскажува за Агротим производителката на тутун, која сакаше да остане анонимна. Таа вчера продала дел од својот тутун на откупен пункт во Тутунски комбинат, како што вели, за проба.

Задоволна е од направената проценка на нејзиниот тутун и констатира дека ова се случува првпат, да се врати дома задоволна и мирна.

-Знаете тоа како е, да работиш и да не знаеш што и како ќе биде, да не можеш да спиеш, да се мислиш цело време, да се плашиш дали ќе ти исплати или не, и на крај да испадне како што треба, тоа ми се случува за првпат – вели тутунарката.

Како што ни кажа, прва и втора рака од бербата на тутунот ѝ ја процениле втора класа, а од трета рака натаму прва класа.

Тутунарката вели дека во нејзиниот крај каде што живее има 4 откупни пункта од различни компании и проценката оди опуштено и без нервози. Таа и сопругот сами го работат нивниот тутун повеќе од 40 години.

Цените за откуп на тутунот годинава одат по 300 денари за килограм тутун од прва класа, 240 за втора и 180 за килограм тутун од трета класа.

Дополнително државата им исплаќа и субвенции од 80, 70 и 60 денари за килограм продаден тутун во откупен пункт од прва, втора и трета класа.

Откупот на тутунот започна во понеделникот со просечна цена од 261 денар за килограм тутун. Според проценките и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, купувачите и производителите, годинава е произведен тутун со подобар квалитет.

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:канатларцикласатутун
Претходен напис Дебарско Езеро збогатено со 420 килограми подмладок на крап
Следен напис Од полноќ горивата со пониски цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?