Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунопроизводителите се жалат на ниска откупна цена на тутунот и бараат поддршка од институциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунопроизводителите се жалат на ниска откупна цена на тутунот и бараат поддршка од институциите
АгровестиРастително производство

Тутунопроизводителите се жалат на ниска откупна цена на тутунот и бараат поддршка од институциите

Објавено 02/12/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако откупот на тутунот од страна на сите 10 откупни претпријатија не е започнат, се погласни се реакциите на тутунопроизводителите за ниска откупна цена на тутунот. До редакцијата на Агротим пишуваат незадоволни земјоделци кои се жалат, како што велат, на нереална проценка на тутунот и бараат поддршка од институциите.

За ваквите тврдења на тутунопроизводителите став побаравме од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

-Согласно законот, откупот на тутунот започнува најрано на 15 ноември, а најдоцна до 15 декември. Досега, од десетте регистрирани откупувачи само три започнаа да откупуваат на одреден број на пунктови. Деновиве се очекува и останатите откупувачи да отпочнат со откупот. Од 10 регистрирани откупувачи 8 обезбедија финасиски средства како гаранција за наврмена исплата на тутунот на земјоделците и добија одобрение од страна на Државниот инспекторат дека ги исполнуваат условите за откуп предвидени со законот: гаранции за финасиски средства, сетрификација на уреди за мерење на тежина и за мерење на влага, обезбедување на пунктови за откуп и друго.Останатите две регистрирани компании се должни да ги обезбедат тие услови најдоцна до 15 ти декември. Државниот инспекторат за земјоделство по поднесување на барање од откупните компании брзо реагираше и ги изврши сите неопходни контроли и констатира дека се исполнети условите – вели Шапуриќ и додава дека инспекторите се постојано на терен.

-Иако во мошне тешки услови на пандемија, во ситуација кога доста инспектори се лекуваат од Ковид 19 или пак, се во изолација инспекторите се постојано на терен. Улогата на инспекторатот е да врши контрола на исполнетоста на услови и на одвивање на откупот според предвидената динамика. Постојат реакции од страна на одредени производители дека проценката на тутунот од страна на компаниите кои се занимаваат со откуп е пониска за една класа и имаат поплаки до инспекторатот, до мене лично, до министерот за земјоделство шумарство и водостопанство и до министерствтот како и до други институции, но државата и институциите не можат да влијаат врз проценката и врз цената. Тоа може да го направат производителите единствено според законот преку жалба за проценка на тутунот пред надлежна комисија каде пак, државата има еден претставник. Иако откупот е на сам почеток, досега нема жалби – изјави Шапуриќ и потсети дека лани имаше само 9 жалби од кои 4 беа повлечени, 2 одбиени, а 3 прифатени. За годинава претпоставува дека ќе има повеќе жалби.

– Со министерот Аријанит Хоџа сум во секојдневена комникациии, а одржани се повеќе средби со откупувачите и со претставници на земјоделски производителеи. Овие средби каде претставниците на државата, на откупувачите и на производителите ќе ги изнесуваат своите аргументи. Се следи и ќе се следи состојбата, а ваквите средби ќе продолжат и понатаму особено по 10 декември кога се очекува поинтезивен откуп. Многу е важно да се почитуваат здравствените протоколи од сите инволвирани субјекти, во овие мошне тешки услови и откупот да биде безбеден максимално во поглед на здравствените апспекти. Не дај боже да дојде до поголемо заболување кај вработените во откупните пунктови, кај производителите или пак инспекторите откупот ќе биде на многу места мошне отежан, па затоа е важно да биде безбден – апелира Шапуриќ.

Минатата година се склучија договори за откуп на 26 милиони килограми тутун и целата количина беше откупена. Годинава се склучени договори за околу 3 милиони килограми тутун помалку и очекуваме целата количина да биде откупена. Откупувачите наведуваат дека помала количина на тутун што е договорена се должи поради залихите што ги имаат од ланскиот откуп и помала побарувачка на светскиот пазар и конкуренцијата на вишокоот на тутун од други земји

-Годинава откупувачите одлучија согласно законот да отпочната подоцна со откуп и сеуште е рано за некои конечни оценки и согледувања. Ова ќе може да се проценува целосно дури околу 15 декември кога мора сите откупувачи да отпочнат со откупот на тутунот – изјави за Агротим, Шапуриќ.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Земјоделствооткуптутун
Претходен напис Македонија и Албанија ќе потпишат спогодба за менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското Езеро
Следен напис Германија: Земјоделците со трактори ги блокираат магацините за храна, а на влезовите од маркетите се поставуваат бали со сено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?