Состојбите во тутунопроизводството се доста сменети на подобро во последниве години, вели Иса Имеровски, тутунопроизводител од село Дебрештe, кој заедно со останатите тутунари очекува Владата да продолжи да ги подржува и да посредува меѓу компаниите и здруженијата, со цел уште повисоки цени за тутунот при откупот на овогодинешната реколта.
-Пред 2017 година додека ние чекавме во тутунските компании на минусни температури од -10 и спиевме тука за да можеме да го предадеме тутунот, ценачите од компаниите ни ги земаа парите, и не уценуваа на сметка на нашата макотрпна работа. Од минатата година откупот на тутунот е во подобра ситуација. Лани се откупи по брза постпака и по добри услови. Годинава ние не бараме ништо повеќе од тоа. Бараме истото како лани да се повтори и оваа година со минимално покачување од 20 до 30 отсто -вели Иса Имеровски.
Повеќе на 24Инфо.мк
