Климатските промени наметнуваат сериозни пристапи кон заштитата на земјоделските производи и во овој поглед министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Насер Нуредини остварија средба со турската агенцијата за земјоделско осигурување ТАРСИМ.
На оваа средба беше презентиран моделот на осигурување што се користи во Турција и беше договорено да се формираат работни групи помеѓу Министерството за земјоделство и ТАРСИМ за да се започне процесот за изнаоѓање на долгорочно решение за проблемите што произлегуваат од природни непогоди, климатски промени или други катастрофи кои можат да се појават во земјоделскиот сектор и во тој случај штетите ќе бидат покриени од агенција слична на ТАРСИМ.
Напишете коментар