Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата
Агровести

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата

Објавено 01/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“.

Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да го ублажи економското влијание од конфликтот, додавајќи дека побарувачката за свопови укажува оти нема недостиг од девизна ликвидност.

Според пресметките на економистот Хакан Кара, засновани на аналитичкиот биланс на банката, во неделата од 23 до 29 март биле продадени вкупно 21,5 милијарди долари од резервите, што претставува највисоко неделно ниво во историјата.

Во објава на платформата „Икс“, Кара укажа на структурни фактори што влијаат врз достапноста на девизи, како што се одливот на капитал и дефицитот на тековната сметка.

– Доколку се преземат сериозни мерки за ограничување на надворешниот дефицит, ситуацијата може да се стави под контрола. За таа цел, првично треба да се дозволи јасно забавување на побарувачката и кредитирањето – оцени економистот.

Активностите на централната банка довеле до значително намалување на вкупните резерви во овој период, наведува „Туркије тудеј“. Според најновото соопштение, бруто-резервите изнесувале 177,45 милијарди долари за неделата што завршува на 20 март, додека нето-резервите, коригирани со свопови, се намалиле на 43 милијарди долари, што ја одразува континуираната интервенција на девизните пазари.

МИА

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:44.3 милијарди доларилиратарезервитеТурската Централна банка
Претходен напис Мицкоски: Единствено ние ги намаливме цените на горивата минатата недела, граѓаните да бидат спокојни, состојбата се следи, има доволно количини
Следен напис Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?