Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Туризмот како начин за откривање нелегални активности во високопланинските подрачја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Туризмот како начин за откривање нелегални активности во високопланинските подрачја
Магазин

Туризмот како начин за откривање нелегални активности во високопланинските подрачја

Објавено 28/09/2021
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Туризам за инклузивен развој“ е темата на годинашниот Светски ден на туризмот, 27 Септември.

Овој меѓународен ден, како што велат од здружението „Натура МК“, ја истакнува социјалната, културната, политичката и економската вредност на туризмот и неговиот придонес кон постигнување на целите за одржлив развој. Туризмот е и еден од начините за следење и откривање нелегални активности во високопланинските предели. Според истражувањето на „Натура МК“, зголемениот број посетители во заштитените подрачја помогнал да се намали бројот на нелегални активности.

-Според стручните лица и локалното населние, ова е мерка која најмногу, позитивно влијае на намалувањето на нелегалниот лов, па и на други нелегални активности во високо-планинските предели на заштитените подрачја. Примерно во НП Галичица е забележано дека во последните 2 години поради зголеменото присуство на туристи на Стара Галичица, кон врвот Магаро, нема веќе случаеви на лов на дива коза со пушка, велат од „Натура МК“.

Здружението предупредува дека бројот на посетители треба да соодветствува со капацитетот на подрачјето за да се избегне потенцијално загрозување на живеалиштата на локалните животни поради прекумерен туризам.

-Заштитените подрачја се потребни за да се зачуваат живеалиштата на дивите видови, пред сѐ преку ограничување на човековото влијание. Одговорниот, односно еко-туризмот помага во заштитата на природата преку едукацијата која се прави на посетителите. Но, туризмот во заштитените подрачја колку што може да биде корисен, може и да штети. Имено, прекумерниот туризам, особено масовниот туризам пак може негативно да влијае на заштитата, односно да предизвика вознемирување на дивите видови, па и да го загрози опстанокот на некои видови. Затоа е многу важно да се внимава на видот на туризам кој се практикува, односно посетителите да бидат соодветно информирани за значењето на заштитеното подрачје, посочуваат од „Натура МК“.

Одличен пример за тоа како граѓаните може да помогнат во откривање на нелегални активности е и случај што го посведочиле од велосипедскиот клуб „Еко дром“ од Охрид. Негови членови во неколку наврати во строго заштитените зони на Националниот парк „Галичица“ при рутински тренинг наишле на поставени замки наречени „примки“, кои служат за лов на диви животни. Тие ги отстраниле, а за случајот усно пријавиле до надлежната служба на Националниот парк „Галичица“.

Од „Еко дром“ Охрид ги охрабруваат граѓаните да пријавуваат нелегални активности со цел да се зачува природното богатство во регионот.

-Со поголемо присуство на терен, љубителите на природата би можеле да придонесат за нелегалните дејствија кои се случуваат во планините, но секако може да се искористат и новите технологии за следење. Од голема важност и значење е едукација и поддршка од локалното население кои можат многу да придонесат за спречување на девијантните појави кои се случуваат во националните паркови, но и на сите планини во нашата земја“, порачуваат од велосипедскиот клуб.

Националниот парк „Галичица“, пак, е првата ваква институција која одлучи својот приход целосно да го црпи од туризмот. Тие во изминативе години имаат воспоставено свој принцип за пријавување нелегални активности од страна на посетителите.

Кога станува збор за високопланинските предели во ова заштитено подрачје, како можни недозволени дејства, надлежните од Паркот ги посочуваат несоодветното одлагање на цврст и друг отпад, прошетка надвор од обележана патека, палење оган на недозволена локалција и слично.

-Посетителот кој би забележал вакво нелегално дејство во Паркот може да го пријави истото преку повеќе начини, и тоа: веб-страница со телефонски броеви на информативните центри во Охрид и Преспа, како и со поважни телефонски броеви (полиција, планинарска служба, пожарна и сл.). Мобилна апликација за Android и за iOS со истите можности. Официјална Фејсбук страница на Националниот парк Галичица преку постирање на пријавата на ѕидот на страната или преку опцијата за испраќање пораки во инбокс. Официјална Инстаграм страна на Националниот парк Галичица“, појаснуваат од НП „Галичица“.

Останува можноста и за лично пријавување во просториите на Националниот парк Галичица во Охрид или Стење. Поради тоа што Паркот располага со седум чувари, оттаму истакнуваат дека секоја пријава од посетител или жител на паркот е од големо значење за установата во справување со несакани и недозволени дејства. Сепак, надлежните признаваат дека нивната чуварска служба не е доволно обучена да ги информира граѓаните за можностите кои ги имаат за постапување во случај кога ќе забележат недозволено дејство низ НПГ. Затоа, во согласност со Стратегијата за еколошка едукација, планираат во наредниот период да посветат поголемо внимание на обука на чуварите на паркот за поддршка на посетителите.

-Најчесто, за нелегалните дејства кои се случуваат во високопланинските пасишта пријавите се доставуваат до раководителите на Одделението за заштита на природата и Одделението за оддржливо користење на природните ресурси. Потоа, раководителот подговува Извештај за констатација по односната пријава во која ги приложува сите информации кои се добиени од пријавителот, фотографии и изјава за подготвеност за сведочење. Овој Извештај се доставува до Одделението за правни, еконмски и општи работи при ЈУНПГ од страна на раководителот кој го подготвил и до архивата на ЈУНПГ, а содржи препораки кои раководителот ги дава во поглед на постапки кои треба да се преземат (пријавување во МВР, поднесување кривична пријава, поднесување пријава до ЈО и сл.), појаснуваат од Паркот.

Но, надлежните од Паркот забележуваат дека според новиот Закон за заштита на личните податоци, не се советува сликање или снимање на лице како го врши нелегалното дејство, туку би било соодветно да се достават фотографии и/или видеа од местото после извршеното нелегално дејство. Друг проблем на кој посочуваат од Паркот е дека откако ќе завршат нивните ингеренции, во повеќето случаи комуникацијата што следи меѓу нив и институциите е бавна.

-Исто така, треба да се истакне дека ЈУНПГ не го информира пријавителот за постапката која е опишана погоре, т.е. не испраќа официјален документ или порака со која би го информирала дека ЈУНПГ постапила по пријавата. Оваа пракса мора да се промени!, дополнуваат од Паркот.

„Натура МК“ работи на проект за вклучување на јавноста во борба против нелегалните активности во високопланинските предели на заштитените подрачја, како процес кој е потребен за да се воспостави паметно користење на природата и да се зачува природата. Преку социјалните медиуми споделува информативни објави и видео со кои ја едуцира јавноста да ги препознае нелегалните дејствија кои ѝ штетат на природата и да ја ангажира да се вклучи во борбата против нив. Активностите се дел од грантовата шема од проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето II 2019-2022 година“ спроведуван од Светскиот фонд за природа – WWF Adria, а поддржан од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка – SIDA. Содржините и ставовите искажани се на авторите и не ги отсликуваат тие на SIDA. 

Извор: MИА

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:подрачјаТуризмот
Претходен напис Зелениот чај нуди десетици придобивки
Следен напис Стопанска комора: Последиците од ковид кризата мора да се надополнат со забразн раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?