Како дел од визијата „Век на Турција“ (“Century of Türkiye”), Турција преминува кон плански модел на земјоделство, објави неодамна турското Министерство за земјоделство и шумарство.
Министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Вахит Киришчи (Vahit Kirişci) потврди дека безбедноста и снабдувањето со производи ќе се обезбеди преку планското производство, пренесува Dailysabah.
Киришчи го насочи го вниманието на три критични глобални прашања, потенцирајќи на преминот кон планираниот модел на земјоделство.
„Првото од нив е земјоделството и храната, второто е водата и третото е енергијата. Земјоделството и водата се неопходни за човештвото. Се соочуваме со предизвици и во однос на водата и почвата. Затоа, мора соодветно да го планираме нашето производство“,
Елаборирајќи ја законодавната работа подготвена за планското земјоделство, Киришчи прецизираше:
„Со планското земјоделство, сопствениците на ниви, амбари и живинарски куќи повеќе нема да произведуваат според нивните сопствени преференции. Производството ќе биде усогласено со барањата на планското производство“.
Киришчи ја истакна важноста на класификацијата како основа на планското производство.
„Ние ги класифицираме нашите производи во две категории. Првата опфаќа стратешки производи, додека втората вклучува производи кои се корисни за производство и покрај тоа што не се стратешки“.
Договорно земјоделство
„Договорното производство ја олеснува соработката меѓу купувачите и продавачите. Ние сме посветени на овој производствен модел и имаме намера да го имплементираме во повеќе категории на производи. Предвидуваме формирање на сертифицирани консултанти за храна. Сертифицирани земјоделски инженери и овластени специјалисти за аквакултура“, рече министерот, потенцирајќи го моделот на договорно производство како уште еден клучен аспект на планското земјоделство.
