Во 2020 година, турските извозници оствариле профит од 126 милиони 54 илјади долари при извоз на калинка во странство, што е најголема сума во извозот на калинка.
Според синдикатите на егејските извозници, Турција минатата година извезла калинка во 75 земји.
Додека извозот на калинка минатата година се зголемил за 29 проценти во споредба со претходната година, девизниот приход од 126 милиони 54 илјади долари го надминал приходот од 111 милиони 668 илјади долари во 2013 година.
Врз основа на количината, извозот на калинка се зголемил за 23 проценти во споредба со 2019 година.
Калинка од Турција најмногу се извезувала во Руската Федерација во износ од 44,5 милиони долари, потоа во Германија во износ од 15,2 милиони долари и во Ирак во износ од 12,8 милиони долари.
Покрај овие земји, во 2020 година, Турција извезла калинка во други земји како што се Украина, Англија, Португалија, Брунеи, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и многу други.
Извор: zambak.ba