Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трошоците на живот во август повисоки од лани за 8.3 %, а цените на мало за 5.6 %
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трошоците на живот во август повисоки од лани за 8.3 %, а цените на мало за 5.6 %
Агровести

Трошоците на живот во август повисоки од лани за 8.3 %, а цените на мало за 5.6 %

Објавено 08/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трошоците на животот во август годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 1.2 %, а цените на мало за 1.3 %.  Во однос на август лани, пак, трошоците на жиот бележат раст од 8.3 %, а цените на мало од 5.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.8 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.0 %, сирењето и урдата за 3.2 %, млекото за 2.6 %, лебот и житата за 1.6 %, месото за 0.9 %, кафето, чајот, какаото за 0.8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, пивото за 0.3 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.2 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 11.4 %, воздухопловниот патнички транспорт за 9.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.7 %, ткаенините за изработка на облека за 3.9 %, туристичките аранжмани за 3.3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 2.9 %, производите за домаќинството – нетрајни за 2.0 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.8 %, гасот за домаќинствата, медицинските услуги за 1.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.3 %. Кај стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи, услугите за сместување има раст за 1.0 %, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 %, високото образование за 0.8 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, услугите за рекреација и спорт за 0.5 %, мебелот и покуќнината за 0.4 %, другото образование, рестораните, кафулињата и слично за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0.7 %, маслото и маснотиите за 0.5 %, јајцата, виното за 0.4 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај другите печатени материјали за 1.5 %, обувките за 0.7 %, игрите, играчките и хобијата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:августживотповисокиТрошоците
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло до 31 степен
Следен напис Извозот зголемен за 3.8 %, а увозот помал за 7.0 % во периодот јануари-јули 2023
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?