Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски за евентуалните штети во земјоделството од пожарите: Обврска на општините е да ги направат проценките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски за евентуалните штети во земјоделството од пожарите: Обврска на општините е да ги направат проценките
Агровести

Трипуновски за евентуалните штети во земјоделството од пожарите: Обврска на општините е да ги направат проценките

Објавено 14/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обврска на општините е да ги направат потребните проценки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со евентуалните штети кај земјоделските култури од пожарите.

 -Сите штети од природни непогоди согласно законот, треба да ги процени општината. Треба да направи елаборат и да го достави до Второстепената комисија за проценка на штети. Изминатите месеци имавме пролетен мраз и Комисијата работи континуирано за навремено да се исплатат штетите. Значи, обврска на локалната самоуправа е – колку побрзо ќе го направи елаборатот, толку побрзо ќе биде ставен во владина процедура за обесштетување, потенцира министерот, изјави Трипуновски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, Трипуновски истакна дека прв пат слуша за ваков проблем.

-Прв пат слушам за ваков проблем, не знам за каков проблем станува збор. Јас знам дека нашето производство на јајца ги задоволува домашните потреби, а имаме и количини кои се извезуваат надвор од државата. Дополнително ќе проверам дали има проблем, немам информација дека има проблем со снабдување јајца на полиците во маркетите, нагласи министерот.

На прашањето за инфлацијата и најавените владини мерки, Трипуновски потсети дека примарна цел на секторот земјоделство е обезбедување доволно производи и преработки кои ќе ги задоволат потребите на домашниот пазар.

-Нашата цел е да ги стимулираме земјоделците за поголемо производство и тука сме фокусирани максимално. Преку програмите за поддршка сакаме да го зголемиме производството. Од лани работевме на враќање на количините пченица кои ќе ги задоволат домашните потреби и годинава, на оние 70 000 хектари кои ги имавме, собравме над 280 000 тони што е задоовлување на нашите потреби. Така работиме и на другите култури. Ние како Министерство ги поддржуваме сите категории земјоделци, но и правиме и измена на закони, правилници и креираме превентивни мерки, но, сепак е примарно зголемувањето на квантитетот, подвлече Трипуновски.

МЗШВ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделствотоопштинитепожаритепроценкитеТрипуновскиштети
Претходен напис Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
Следен напис Пламеница на компирот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?