Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Вистинските мерки вродија со плод, имаме над 280.000 тони домашна пченица од кои 9.000 тони ќе се откупат за стоковните резерви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Вистинските мерки вродија со плод, имаме над 280.000 тони домашна пченица од кои 9.000 тони ќе се откупат за стоковните резерви
Агровести

Трипуновски: Вистинските мерки вродија со плод, имаме над 280.000 тони домашна пченица од кои 9.000 тони ќе се откупат за стоковните резерви

Објавено 10/08/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Оваа година за разлика од минатата имаме зголемување од 2% во делот на површините кои беа засеани со пченица во 2025 година. Согласно првичните податоци од науката и теренските сондажи, бележиме сериозен раст во делот на просекот кој ќе биде на државно ниво – тој ќе се движи оваа година над 4 тони по хектар”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Овие 70.000 хектари кои ги имаме во евиденцијата како Министерство, засеани со пченица, ќе дадат просек кој е многу поголем од минатите години. Ќе добиеме производство од 280 до 300.000 тони пченица, со што ќе се задоволат домашните потреби”, додаде тој.

Министерот посочи дека во минатото главната забелешка беше што државата дозволуваше стоковните резерви да се полнат со увозна пченица, наместо да се полнат од домашното производство.

„На владина седница донесовме одлука каде што преку Агенцијата за стоковни резерви од индивидуалните земјоделци ќе се врши откуп на 9.000 тони пченица за потребите на стоковните резерви”, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека стоковните резерви ќе бидат полнети во повеќе региони низ Македонија: во битолскиот регион, прилепскиот регион, дел во Овчеполието и во Западна Македонија.

МЗШВ

Може да ви се допадне

ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати
Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја корисниците на неколку улици во општините Илинден и Аеродром
Таг:280 000 тониоткупатпченицастоковните резервиТрипуновски
Претходен напис ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири
Следен напис Денај: Албанија ќе доделува 50% грант за земјоделците за механизација и модернизација на работните процеси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?