Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Тутунарите добија 40 милиони евра субвенции, се исплаќаат и за другите земјоделски гранки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Тутунарите добија 40 милиони евра субвенции, се исплаќаат и за другите земјоделски гранки
Агровести

Трипуновски: Тутунарите добија 40 милиони евра субвенции, се исплаќаат и за другите земјоделски гранки

Последна измена: 26/04/2025 13:15
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

  Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта тутун и на сметките на 14 500 тутунари од земјава им се префрлени близу 40 милиона евра, што е рекордно ако се земе предвид дека лани се произведоа 24 000 тони тутун, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, кој денеска го посети расадопроизводството на прилепскиот тутунар Ристо Џамбазов на периферијата на Прилеп.

– Ова е една рекордна исплата на субвенции во однос на произведен килограм тутун. Самата реколта тежеше 24 000 тони што е речиси двојно зголемување во споредба со претходната година. Оваа исплата и оваа откупна сезона покажа дека ќе работиме да го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, дека субвенциите ќе се исплаќаат редовно и Владата ќе продолжи да го поддржува овој сектор бидејќи е еден од битните сектори во нашата држава. Ова епоказател дека сакаме оваа земјоделска гранка да остане и да се проширува. Се надевам дека ова е доволен стимул за тутунопроизводителите, изјави Трипуновски.

Годинава се очекува зголемено тутунопроизводство на 27 000 тони зашто се склучени околу 33 000 договори со откупувачите и тутунот ќе се засади на 14 000 хектари.

Трипуновски нагласи дека за 10 месеци со сите заостанати и тековни обврски со плаќања на субвенциите им се исплатени речиси 8 милијарди денари или речиси 130 милиони евра на земјоделците од сите категории. Се регулира исплатата и на млекопроизводителите.

-Сакаме земјоделството да биде една од носечките економски гранки во нашата држава и да го зголемува и квантитетот на самото производство. Што се однесува до млекопроизводителите, имаме чиста ситуација во однос на исплата на субвенции за 2024 година. Имаме исплатенио околу 16 милиони евра суббвенции, освен оние кои треба да се исплатат до јуни, рече Трипуновски.

Министерот за земјоделство најави измени во програмата и уредбата за откупот на јагнињата и се прифаќа барањето на производителите на овци да се намали обврската од 50 на 30 проценти за испорака на јагнињата на кланиците.

– Одржав неколку состаноци со Сојузот на одгледувачи на овци и со кланиците кои се во регистрите на земјоделството. Практично, откупот на јагнето е во завршна фаза. Анализите говорат дека имаме зголемување на откупната цена во споредба со минатата година, просекот е околу 230 денари. Она што беше барање на одгледувачите на овци дека условот од 50 проценти од јагнињата предадени во кланиците, а поради нискиот откуп во јануари и февруари имавме многу прераснување на јагнето, како Министерство веќе размислуваме процентот од 50 насто да го намалиме на 30 проценти за да покажеме дека излегуваме во пресрет на секој земјоделец кој се соочува со одредени предизвици за да ги стимулираме да опстојат и да го зголемат своето стадо. Во наредниво период ќе бидат изменети програмата и уредбата кои го дефинираат овој критериум, изјави Трипуновски.

Трипуновски рече дека е исчистена каналската мрежа во земјава и нема опасности од поплавувања, но треба и санација во наредниот период.

– Се чистеше какалската мрежа и се подготвуваат системите за наводнување. Законскиот рок е 15 април да почне сезоната за наводнување. Веќе во Тиквешијата и во Кочанскиот регион е пуштена водата за да стигне до земјоделските површини. Тоа значи дека имаме функционален систем во исчистена каналска мрежа, потребна е и санација на дел од мрежата и ќе се работи тековно. Опасност од излевање на речни корита мислам дека нема во овој период. Будно ја следиме состојнбата и благовремено ќе интервенираме, рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Пирлеп. 

МИА

Може да ви се допадне

Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Започнува изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица
Македонија четири пати под стандардот на ЕУ – со ова темпо ќе бидеме „европски“ граѓани за 70 години
Самит Македонија 2025: Изнаоѓање решенија за економски конкурентна држава која ќе биде дел од Европа
Таг:40 милиони еврасубвенцииТрипуновскитутунарите
Претходен напис Откриени злоупотреби на државно земјоделско земјиште за преку 2000 хектари, контролите продолжуваат
Следен напис Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?