Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Субвенциите за сточарите се зголемени, збирно за сите мерки за крупен добиток, изнесуваат 44 000 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Трипуновски: Субвенциите за сточарите се зголемени, збирно за сите мерки за крупен добиток, изнесуваат 44 000 денари
Субвенции

Трипуновски: Субвенциите за сточарите се зголемени, збирно за сите мерки за крупен добиток, изнесуваат 44 000 денари

Објавено 12/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако пред десетина години сточниот фонд на крупна стока во државата изнесуваше околу 260.000 грла, денес по седум години погубни политики на минатата власт сточниот фонд изнесува нешто помалку од 140.000 грла“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање.

„Имаме сериозен пад на млекопроизводство, тоа е се резултат на погрешни политики, лоша земјишна политика, неисплата на субвенциите, без конкретни мерки и програми. Но, тоа време заврши и изминатите 6-7 месеци како власт работиме интензивно како да го вратиме сточарството во Република Македонија и млекопроизводството меѓудругото како еден од најважните производи“, појасни министерот.

Трипуновски додаде дека субвенциите не се намалени туку напротив се зголемени.

„Во минатогодишната Програма субвенцијата за грло крупна стока изнесуваше 12.000 денари за крава и 5 денари за литар млеко предадено во преработувачки капацитет. Оваа година во Програмата за 2025 година поддршката изнесува за грло 8.000 денари и 6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети“, истакна тој.

Посочи дека ако една крава има просечно лактација од 6.000 литри во текот на годината, ако се помножи 6.000 литри со 6 денари субвенција која што е предвидена во Програмата за 2025 година тоа се 36.000 денари. И кога на тие 36.000 денари се додадат и дополнителните 8.000 денари за грло крава се добива сума од 44.000 денари.

Министерот додаде дека според старата Програма субвенцијата изнесуваше 12.000 денари по грло и субвенција од 5 денари за предадено литар млеко, тогаш сточарите земале само 42.000 денари.

„Оваа година за првпат ја воведуваме мерката за оставено женско теле, односно можност за зголемување на основното стадо на секој еден фармер. Сумата која што ќе ја добие секој еден фармер за оставено женско теле е 3.000 денари дополнителна субвенција“, најави Трипуновски.

Тој нагласи дека Министерството визионерски работи на зголемување на сточниот фонд во Република Македонија. 

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:литар млекомеркисубвенциитрипуновскицветан
Претходен напис НАЈК ПРОМ: Трактори ArmaTrac EURO V од 57hp до 125hp – висока технологија и перформанси
Следен напис Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?