Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски беше во посета на фабриката Винчини, која претставува вистински пример за македонски успех.
„Со извоз во над 60 земји низ светот, околу 500 вработени и широк асортиман на висококвалитетни производи, Винчини покажува како се гради македонско најдобро.

Македонските компании се столб на домашната економија, поддршка за земјоделските производители и доказ дека нашите производи можат рамноправно да се натпреваруваат на светските пазари.

Преку кампањата „Македонско најдобро“ го поддржуваме домашното производство и новите инвестиции, со што се промовира македонскиот квалитет, кој заслужува препознатливост и почит“- напиша на ФБ, Трипуновски.

