Шумската полиција и денеска во недела е активна на терен – прекинат е уште еден ланец на дрвната мафија во Валандово!
Во заедничка акција на Шумската полиција од Валандово и Неготино се пресретнати два камиони со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз. Камионите се фатени во атарот на Демир Капија.
За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионите со кои што е превезувано дрвото се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Демир Капија.
Ќе работиме со засилени контроли за стопирање на криминалот и трговијата со нелегалната сеча на дрвата.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.