Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Сериозен акцент дадовме на сточарското производство, целта е најмладите да пијат домашно и квалитетно млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Сериозен акцент дадовме на сточарското производство, целта е најмладите да пијат домашно и квалитетно млеко
Агровести

Трипуновски: Сериозен акцент дадовме на сточарското производство, целта е најмладите да пијат домашно и квалитетно млеко

Објавено 07/03/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Сериозен акцент се даде на сточарското производство. Сточниот фонд во земјава за разлика од пред десетина години е урнисан. Имаме десеткувана бројна состојба на сточниот фонд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Наткаст“.

„Поради тоа субвенцијата за литар предадено млеко е зголемена. Предвидовме и дополнителни субвенции за оставено женско теле“, појасни министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека субвенцијата за грло крава е 8.000 денари. Опозицијата и одредена јавност се обиде да шпекулира дека субвенциите се намалени.

„Јас имам сериозно објаснување, 8.000 денари се надополнуваат со субвенцијата за предадено литар млеко во преработувачки капацитет, која што е зголемена од 5 на 6 денари. Праќам јасен сигнал до фармерите дека ќе добијат зголемена субвенција доколку има зголемена млекопродукција“, истакна тој.

Министерот посочи дека Македонија бележи сериозен пад на млеко, полиците по маркетите се полни со увозно млеко.

„Со стимулација сакаме нашите најмлади генерации, нашето население да пие домашно и квалитетно млеко“, заклучи министерот.

„Ако ја земете субвенцијата по грло и по литар предадено млеко, имаме навистина сериозно зголемување“, додаде тој.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:акцентмлеконајмладитепијатсточарското производствоТрипуновски
Претходен напис Најстудено утрово во Берово, на Попова Шапка 19 сантиметри снег, а најтопло во Крушево
Следен напис Пронајдено огревно дрво без документација во Кавадаречко, приведено едно лице
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?