Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се носи новата програма, за стратешки земјоделски култури ќе има зголемување на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се носи новата програма, за стратешки земјоделски култури ќе има зголемување на субвенциите
Агровести

Се носи новата програма, за стратешки земјоделски култури ќе има зголемување на субвенциите

Објавено 01/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Додека нивите зјаат празни, Македонија продолжува најголем дел од потребите за храна да ги задоволува од увоз. Според некои податоци, дури 70% од нив, доаѓаат однадвор, што е повеќе од загрижувачки податок ако се знае, дека наместо земјоделски производи од домашно производство, македонските граѓани јадат домати, краставици,пиперки од Албанија, Грција, Турција, Србија. Една од причините за ваквата состојба земјоделците ја гледаат во несоодветни мерки од страна на државата изминатите години. Според нив треба да се пристапи кон спровдување на похрабри земјоделски реформи во однос на окрупнување на земјоделските површини.

„Една од мерките би била зголемување на данокот на необработливи површини, бидејки не само што не се обработени, туку тие државни ресурси, економски мора да се искористат.Малку да ги примораат сопствениците или да ги дадат по соодветна цена под наем или по соодветна цена да ги продава или пак државата да ги услови секоја необработена површина да мора да се пријави и  државата да стопанисува и да ги дава без надоместок на земјоделците, кои имаат интерес да ги обработуваат тие површини“, рече Ванчо Стојаноски-земјоделец.

Едно од решенијата за излез од ваквата состојба, Стојаноски ја гледа во преструктуирање, односно организирање на земјоделците во задруги, како и поголема финансиска помош во млади земјоделци и инвестирање во нив преку едукација.

„Ако не се преструктуираме во задруги тешко дека ќе дојдеме до соодветна цена на пазарот бидејки земјоделските задруги многу големи бенефити преку нив би имале замјоделците.Пред се набавка на посовремена механизација,обука, набавка на поефтини препарати и ѓубрива. Многу би биле во подобра позиција во преговарањето со откупувачите.Исто така не сме задоволни и од откупните цени“, изјави Ванчо Стојаноски-земјоделец.

На прашањето на Алсат, што прави државата да го зголеми домашното производство, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство вели дека она што првично сакале да го направат е да ја вратат довербата на земјоделците во институциите,  преку исплата на сите заостанати субвеции.

„Сега е во фаза носење на новата програма, која ја работиме со земјоделските здруженија со науката, со сите земјоделци од сите сектори се со цел да испланираме, како ќе се движиме наредната година.Јас очекувам дека после еден циклус производна година ќе можеме да ги мериме резултатите од ефектите. Оваа година во делот на субвенционирањето се прават одредени бирократски олеснувања кои ќе значат помалку губење време на земјоделците, а од друга страна се воспоставуваат и некои правила на игра кои ќе значат зголемено производство. За битните стратешки земјоделски култури ќе има и зголемување на субвенцијата се со цел да ги стимулираме во овие тешки времиња, земјоделците повторно да влезат во процесот.“ – Цветан Трипуновски-министер за земоделство.

Трипуновски најавува дека преку програмата за рурален развој ќе се интервенира во вклучување на млади земјоделци во земјоделието преку програми кои ќе значат подршка за нив. Земјоделците пак ja повикуваат  државата преку амбасадите и економските аташеа во странство да работи на отварање нови пазари за македонските земјоделски производи, нешто што децении наназад не се случувало

Извор – Алсат

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:домашно производствоземјоделсцимеркиСубвенции
Претходен напис ЕУ воведува нови царини за земјоделски производи и ѓубрива од Русија и Белорусија
Следен напис Македонците јадат скап леб, за пет години цената се зголемила за 65 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?