Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Рекордна постигната цена во делот на откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Рекордна постигната цена во делот на откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка
Агровести

Трипуновски: Рекордна постигната цена во делот на откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка

Објавено 07/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Вчера се заокружи процесот околу откупната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје Вранец и Смедеревка. На состанокот кој што го имавме вчера доцна попладнето со винарските визби направивме едно заокружување да согласно пресметката на цена која што ја даде Земјоделскиот институт – Скопје како овластена научна институција да направи пресметка на производна цена која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на лозарите“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на утринската емисија на Сител телевизија.

Трипуновски додаде дека финалната цена резултираше да Вранецот за килограм изнесува 20,8 денари, а Смедеревката изнесува 18,3 денари.

„Тука сакам да потенцирам дека овие цени се за 19 шеќерни единици за Вранецот, и 17 шеќерни единици кај Смедеревката. Што значи дека во процесот на откуп секоја шеќерна единица плус која што ќе дојде на квалитет на грозјето ќе биде дополнително платен“, потенцираше министерот.

„Како пример ако донесе земјоделец Вранец со 20 шеќерни единици првичната цена од  20,8 денари ќе биде зголемена за 1,1 денар согласно пресметката по шеќерни единици. Што значи дека тој земјоделец ќе добие цена од 21,9 денари речиси 22 денари за килограм“, појасни Трипуновски.

Тој посочи ако се прави компарација со претходните години, овдека имаме сериозно зголемување оваа година на цените за килограм. Тоа значи дека Смедеревката е за некои 22% со повисока откупна цена од тоа што била минатата година. А, сортата Вранец е некаде околу 15,5% повисока цена. И ова е рекордна постигната цена во делот на откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВранецоткупРекорднаСмедеревкаТрипуновскицена
Претходен напис ЦУК: Вкупно 41 пожар на отворено вчера, шест се активни
Следен напис Се уште активен пожарот меѓу селата Ореше и Папрадиште во општина Чашка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?