Денеска одржав работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговаравме за предлог програмите за 2026 година, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Дискутиравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор.

Претставниците на здруженијата ги изнесоа своите гледишта и предлози, кои од страна на Министерството ќе бидат внимателно разгледани при креирањето на идните мерки и политики што ќе одговорат на реалните потреби на земјоделците и ќе придонесат за развој на земјоделството.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски.
