Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Пумпната станица Таор е во катастрофална состојба, наш приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Пумпната станица Таор е во катастрофална состојба, наш приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството во Македонија
Агровести

Трипуновски: Пумпната станица Таор е во катастрофална состојба, наш приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството во Македонија

Објавено 27/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Денеска заедно со Директорот на АД Водостопанство сме во посета на пумпната станица Таор. Оваа станица ги покрива општините Петровец, Илинден и Гази Баба, каде што се зафаќаат води од околу 6.600 хектари преку 150 километри отворена каналска мрежа“, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посета на пумпната станица во Таор заедно со Директорот на АД Водостопанство, Филип Филиповски. 

Министерот посочи дека при посетата може да се увиде дека пумпната станица е во катастрофална состојба. Изминативе години не се инвестирало во модернизација и одржување на станицата. Поради неодржување на пумпната станица во Таор имало сериозен ризик од загрозување на тој дел од скопската котлина.

„Ние веќе во наредната година во програма ќе предвидиме средства за модернизација на оваа станица, да се намали ризикот од евентуални штети кои што би значело излевање на водата од оваа каналска мрежа“, изјави Трипуновски.

Тој додаде дека изминатиов период Владата одвои 100 милиони денари на АД Водостопанство за покривање на платите на вработените кои што веќе 4 месеци немаа зедено плата. Две плати се исплатени, а во наредните денови и другите две плати ќе бидат исплатени на вработените од АД Водостопанство.

„Со тоа сакаме да кажеме дека навистина како Влада даваме сериозен приоритет во делот на Водостопанството бидејќи е важна гранка во земјоделството како за надводнување така и за одводнување на земјоделските површини“, појасни Трипуновски.

„Со овој приоритет ќе продолжиме и во наредните години бидејќи нас земјоделството и водостопанството ни се важен сегмент во целиот земјоделски процес кој што го имаме како држава“, изјави Министерот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделствотокатастрофална состојбамодернизацијаПумпната станицаТаорТрипуновски
Претходен напис Шумскиот пожар кај село Степанци во Општина Чашка се гасне од земја и од небо
Следен напис На „Табановце” и „Богородица” се чека околу 30 минути
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?