Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување
АгровестиШумарство и водостопанство

Трипуновски: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување

Објавено 08/11/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Денеска сме во општина Росоман каде што се чисти левиот магистрален канал, според информациите кои што ми ги даде директорот досега се исчистени повеќе од три километри. Со ваквата динамика на работа до почетокот на идната сезона целиот канал во должина од 40 километри ќе биде исчистен“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот Трипуновски додаде дека на ниво на подружница заклучно со денес се исчистени повеќе од 13 километри каналска мрежа.

„Денеска сме овде заедно со директорот на подружницата за да покажеме како навистина се работи. Се со цел да ја дочекаме идната сезона со навремена и доволна количина на вода за да не трпи земјоделството“, појасни министерот.

Тој посочи дека Владата и Министерството за наредната година согласно Буџетот ќе даде еден сериозен приоритет во делот на водостопанството на ниво на држава.

„Без вода не можеме да размислуваме на земјоделско производство. Поради тоа нашиот фокус ќе биде на работењето и обновување на системите за наводнување на ниво на држава“, нагласи министерот Трипуновски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:министерминситернаводнувањеподготовкиросоман
Претходен напис Британската влада потврди зараза со птичји грип од сојот Х5Н5 на фарма во Јоркшир
Следен напис Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?