Денеска имав чест да бидам дел од традиционалниот Пчеларски саем, кој што се одржува осма година по ред, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Пчеларството е повеќе од производство на мед, тоа претставува грижа за природата, за земјоделството и за нашата иднина.
Министерството континуирано инвестира во развојот на пчеларскиот сектор и го поддржува преку:
– Директни плаќања кои претставуваат поддршка за секој регистриран пчелар;
– Изминатиот период беше објавен повик за инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларниците, со цел заштита од дивеч;
– Во тек е претходна најава за мерките 3 и 7. Во рамките на ИПАРД Програмата – мерка 7 нуди можност на пчеларите да го прошират својот опсег на активности преку инвестиции во современа опрема и технологии.
Ги повикувам сите пчелари да се регистрираат на платформата „Македонско најдобро” и својот производ да го доближат до потрошувачите.
Министерството е и ќе остане партнер во развојот на пчеларството, напиша на социјаните медиуми министерот Цветан Трипуновски.
