Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Откупени се над 78 милиони килограми на винско грозје, секој грозд ќе биде собран да не се грижат земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Откупени се над 78 милиони килограми на винско грозје, секој грозд ќе биде собран да не се грижат земјоделците
Агровести

Трипуновски: Откупени се над 78 милиони килограми на винско грозје, секој грозд ќе биде собран да не се грижат земјоделците

Објавено 17/09/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше на теренска посета во Тиквешкиот регион, каде посети неколку откупни пунктови со цел следење на процесот на откуп на винско грозје.

„Можам да ве информирам дека според податоците од претходниот ден, досега се откупени нешто над 78 милиони килограми винско грозје”, истакна министерот Трипуновски.

Од откупените количини, над 35 милиони килограми се црвено грозје, околу 40 милиони килограми бело грозје, плус дополнителни количини наменети за извоз. Целиот процес се следи од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерот додаде дека се следи состојбата со откупот на винско грозје и дека оваа година има зголемена количина, што радува бидејќи Министерството вложи напори да донесе вода до секој лозов насад.

„Она што сакам да го упатам е дека не треба лозарите да бидат загрижени. Интензивно изминатите денови го следиме откупот и динамиката. Определената количина која меѓу лозарите наводно нема да се откупи не е точно – од утре веќе во откупот влегува уште една винарска визба, тоа е „Вардар винарија“, која ќе ги отвори своите порти и ќе ја собере дополнително онаа количина што ќе се појави за откуп”, појасни министерот Трипуновски.

Министерот истакна дека останатите винарски визби согласно динамиката продолжуваат со откуп на винско грозје.

„Секое едно зрно, секој еден грозд ќе биде собран – лозарите да не бидат загрижени. Нашата заложба беше да има зголемена количина на винско грозје. Наредниот период продолжуваме да бидеме тука секојдневно на терен за да елиминираме било каква манипулација”, заклучи министерот.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:78 милиони килограмивинско грозјеземјоделцитеТрипуновски
Претходен напис ЦУК: Повторно е активиран пожарот во Никуштак
Следен напис Следуваат сончеви денови, но со посвежи утра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?