Откупувачите и оризопроизводителите постигнаа договор, оризовата арпа ќе се откупува по 35 денари за ситните сорти со рандман 50% и 40 денари за високи сорти со рандман од 50%, информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Денеска одржавме втор состанок на кој што ние како Министерство учествуваме во процесот на формирање на откупна цена на ориз од реколта 2024 година. На иста маса беа откупувачите и дел од земјоделците од кочанскиот регион.
Дополнително договорено е да се откупат околу 3.000 тони оризова арпа до 31 декември.
Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж на делот рандманот кој што го утврдува самата откупна компанија, може истата таа проверка да ја направи во Институтот за ориз бесплатно во делот на рандманот и во делот на влагата.
