Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски од Берлин: Работиме со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски од Берлин: Работиме со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино
Агровести

Трипуновски од Берлин: Работиме со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино

Објавено 17/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски синоќа го претстави македонското вино на настан кој што го организираше Државното претставништво на Северна Рајна Вестфалија во Берлин и Македонската амбасада, соопштија од МЗШВ.

-За нас, како мала земја, македонската винска индустрија е од особена важност бидејќи покажува позитивен потенцијал, позиционирајќи се себеси како втор најголем извозник во земјоделскиот сектор, истакнал министерот Трипуновски на настанот.

Според него, главната стратешка цел во политиките за лозарство и винарство е да се фокусира производството на локални сорти како Вранец, Станушина, Кратошија, Темјаника, Смедеревка и висококвалитетно грозје. 

Министерот посочил дека климата во Македонија обезбедува идеални услови за да се истакнат најдобрите карактеристики на грозјето, а преку производствени практики воспоставени со Законот за вино, кој е усогласен со европското законодавство, се унапредува вековната традиција на лозарство и винарство.

-Вкупната површина на лозови насади е 23.000 хектари, од кои 79 % се во сопственост на индивидуални производители на грозје, а 21 % се на винарии. Значителен процент им припаѓа на малите семејни винарии со капацитет до 50.000 хектолитри, појаснил министерот Трипуновски.

Тој додал дека користејќи ги националните и европските фондови за финансиска поддршка, винариите сè повеќе инвестираат во надградба на опрема, реконструкција на плантажи, винарии, како и во инвестирање во човечки потенцијал, со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино.

Министерот во обраќањето истакнал дека токму преку ваквите настани се отвора можност за промоција на македонското вино и неговиот пласман на европските пазари. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Берлинвисококвалитетнојасна визијаТрипуновскифлаширано вино
Претходен напис Студено наутро, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Во Берово најладно со – 9, Претор и Охрид најтопли со 0 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?